Граѓаните ќе можат бесплатно да ги посетат Куќата на Робевци, Самуиловата тврдина, Музејот на вода во Градиште и Галеријата на икони.       Фото: МИА

Влезот во музеите и галериите во македонскиот туристички бисер Охрид ќе биде бесплатен секој први во месецот, почнувајќи од утре, 1 ноември, соопшти денеска охридскиот Завод и Музеј.

Влезот во музеите и галериите во Охрид ќе биде бесплатен секој први во месецот, почнувајќи од утре, 1 ноември, соопшти денеска охридскиот Завод и Музеј.

Граѓаните ќе можат бесплатно да ги посетат Куќата на Робевци, Самуиловата тврдина, Музејот на вода во Градиште и Галеријата на икони.

„Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од први ноември годинава заклучно со први април 2023 година“, велат од охридскиот Завод и Музеј.

Бесплатен влез секој прв ден од месецот во музеите и локалитетите кои се под надлежност на НУ Завод и Музеј – Охрид се реалираше и лани.

MIA
Популарни