Меѓународен џез фестивал во Монтре, Швајцарија     Фото: Official site of Мontreux jazz festival ( Архива)

Светската џез елита, но и музички легенди кои се бават со други музички жанрови, по двегодишна пауза поради пандемијата од коронавирусот (Ковид-19), ќе се соберат во швајцарскиот град Монтро од 1 до 16 јули на 56. издание на Меѓународниот фестивал на џезот. Фестивалот е познат по тоа што голем број од изведувачите не се дел од џез сцената.

Според најавата на официјалниот сајт на овој музички настан, фестивалот ќе го отвори групата „A-ха“, а до 16 јули се очекуваат настапи на Херби Хенкок, Ник Кејв, Џон Меклин, Џеф Бек, Дајана Рос, Ибрахим Малуф, Ван Морисон, Џон Леџенд и Бјорк, која ќе настапува со симфонискиот оркестар од Лозана.

„Оваа музичка манифестација има свој дух, филозофија и корени во џезот, но повикани се сите кои се бават и со други музички жанрови“, велат организаторите.

На фестивалот настапувале бројни звучни имиња од светот на музиката, како што се, Принц, Дејвид Боуви, Карлос Сантана, Би-Би Кинг, Франк Запа, Леонард Коен, Ела Фицџералд, Елтон Џон и Арета Френклин.

Фестивалот е отворен за музички иновации и импровизации поради што некои познати песни на фестивалот ќе бидат изведени со примеси на џез, соул или блуз.

Фестивалот во Монтро е втор по големина меѓународен фестивал на џезот, по фестивалот во Монтреал.

TRT Balkan / агенции
Популарни