Албанија е водечка земја во однос на довербата на женските раководни позиции во владата во регионот.     Фото: АА

Поголемата застапеност на жените во политиката е долгогодишна тема на дискусија на различни панели, а голем број организации се борат да ја зголемат бројката на жени кои учествуваат во политиката.

Анализата на ТРТ Балкан покажува колку жените се присутни на водечките позиции во првиот ешалон на владите во регионот и која од земјите најмногу ја зголемила стапката на застапеност.

Ако во огромното мнозинство од земјите од Западен Балкан на жените им се гарантирани со закон 1/3 од местата во Собранието, тоа не е правило и за владиниот состав.

Албанија на водечката позиција

Во овој поглед, Албанија го има приматот на лидер кога станува збор за довербата во женските раководни позиции во владиниот состав..

Вториот состав на Владата на премиерот Еди Рама само ѝ претходеше на третиот владин ешалон во однос на бројот на жени на министерски позиции.

Од 7 жени во претходната Влада, премиерот на Албанија Еди Рама во актуелниот состав на Владата има 85 отсто жени. Тоа значи дека 12 од 14 министерства ги водат жени.

Србија речиси со застапеност 50-50

Бидејќи во Србија штотуку се одржаа изборите, а новата влада сè уште не е формирана, ќе се повикаме на стариот владин кабинет.

Од вкупно 23 министерски места, 10 од нив кои продолжуваат да ја извршуваат функцијата до формирањето на новата Влада се жени.

Косово со 26 отсто

Во владата на премиерот на Косово, Албин Курти, владиниот кабинет се состои од вкупно 15 министерства, од кои 4 се предводени од жени.

Само во претходната влада составена од Албин Курти и Иса Мустафа имаше пет жени на министерски позиции, најмногу од осамостојувањето на Косово.

БиХ со 23 отсто

Во Босна и Херцеговина, речиси една четвртина од владиниот кабинет се состои од жени. Од 17 министерства, со 4 раководат жени.

Иста застапеност во Црна Гора и Северна Македонија

Помина еден месец откако Црна Гора го разреши премиерот на државата Дритан Абазовиќ, а како и Србија, сè уште не е формирана новата влада. Во стариот владин кабинет, каде претходно избраните продолжуваат да ја вршат функцијата министер, 19 отсто се жени или во 4 од 21 министерства.

Од друга страна, Северна Македонија е на последно место по бројот на министерства со кои раководат жени. Во кабинетот на премиерот Ковачевски од вкупно 16 министерства во министерската фотелја седат само три жени што е нешто помалку од 19 отсто.

TRT Balkan
Популарни