Заедничка прес конференција на турскиот претседател Ердоган и косовскиот премиер Курти / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја е подготвена да пружи поддршка на процесот на дијалогот помеѓу Косово и Србија доколку биде побарано.

„Туркије е подготвена да пружи секаков вид поддршка на мирот и стабилноста на нашиот регион и да даде неопходен придонес доколку страните тоа го побараат“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Истанбул.

Ердоган рече дека Туркије се надева дека процесот на дијалогот на Косово со Србија ќе биде завршен на начин кој ќе обезбеди траен мир и стабилност во регионот.

Турскиот претседател истакна дека Туркије продолжува да вложува напори за да Косово достигне позиција која ја заслужува на меѓународната сцена.

„Во тој контекст, ја поддржуваме визијата на Косово за влез во НАТО, Советот на Европа и Европската унија“, рече турскиот претседател.

Освен за политичките односи, турскиот претседател Ердоган рече дека со Курти разговарале и за тоа што Туркије и Косово можат да направат на полето на
на економијата, трговијата, енергетиката, одбранбената индустрија и борбата против тероризмот.

Ердоган исто така рече дека побарал од Курти да ја зголеми соработката со Туркије против терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар во Туркије во 2016 година.

За економските односи, Ердоган рече дека со Договорот за слободна трговија што стапи во сила во 2019 година, двете земји постигнаа позитивен моментум во билатералниот обем на трговија.

„Како земја со најголем извоз во Косово, мораме да ја зголемиме оваа бројка на една милијарда евра“, додаде Ердоган.

Курти: Секогаш ќе ѝ бидеме благодарни на Туркије

Премиерот на Косово, Албин Курти, на прес конференцијата истакна дека „Приштина секогаш ќе и биде благодарна на Туркије за улогата во интервенцијата на НАТО на Косово во 1999 година бидејќи го запре геноцидот врз народот на Косово и беше важна за основањето на земјата и одржувањето на мирот“.
Курти му се заблагодари на Ердоган за поддршката на Туркије во процесите за членство на Косово во ЕУ и НАТО.

„Туркије е еден од нашите важни економски и трговски партнери. Можеме да ја искористиме нашата досегашна соработка за да достигнеме повисоки потенцијали“.

TRT Balkan / агенции
Популарни