Извештај: Црна Гора меѓу земјите со најголемо кинеско влијание     Фото; АА

Црна Гора, според извештајот на Центарот за глобален развој, се наоѓа меѓу осумте најзагрозени земји од присуството и влијанието на Кина. Ова е една од пораките искажани на конференција во Подгорица, на која главна тема беше присуството и влијанието на Кина во Црна Гора и регионот.

Меѓу повпечатливите заклучоци на конференцијата беше и тоа дека кинеското присуство и влијание во Црна Гора највеќе е видливо преку учество на кинеските компании во најважните инфраструктурни проекти во земјата.

Кинеската компанија CRBC е изведувач на работите на првата делница од автопатот Бар-Бољаре. За овој проект, Црна Гора на Кинезите ќе им плати речиси милијарда евра. Тоа помеѓу останатот беше и повод да се анализира колкаво е реалното влијание на Кина на просторот на Балканот.

Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, членка на Управниот одбор на Атланскиот совет на Црна Гора, рече дека надворешно-политичкото позиционирање на Кина се карактеризира со многу јасна амбиција да стане глобална сила број еден.

„Во основа на таквото позиционирање е идејата за Кина како економски напредна, културно и технолошки високоразвиена и меѓународно почитувана во општеството“, рече Пејановиќ-Ѓуришиќ. Таа додаде дека Кина своето влијание го шири преку проектите од иницијативата „Појас и пат“.

„Суштински, во прашање се обиди на преобликување на актуелниот светски поредок, заснован на концептот на либерална демократија, во правец прилагоден на кинеските национални интереси и стратешки цели“, рече Пејановиќ-Ѓуришиќ.

Освен економскиот, Кина настојува да го јакне своето присуство во Европа преку политичка и културолошка соработка со балканските земји.

„Тоа посебно ефективно се покажа токму на Западен Балкан“, оцени Пејановиќ Ѓуришиќ.

Тајни документи за изградба на автопатот во Црна Гора

Главниот аналитичар на Дигиталниот форензички центар (ДФЦ) Милан Јовановиќ истакна дека присуството на Кина во Црна Гора е релативно ново и дека односите на двете земји не се многу поинакви од односите на некои други држави од Балканот. Тој рече и дека во црногорската јавност Кина воглавно се доживува како моќна, но добронамерна светска сила.

Истакна дека инволвираноста на Кина во проектите во Црна Гора започнала уште во 2010 година.

„Многу документи врзани за планирање и изградба на автопатот се заштитени со ознака на тајност,а во јавноста и по неколку години нема комплетна слика за тој проект“, рече Јовановиќ.

Тој рече дека Центарот за глобален развој направил анализа на сите кинески проекти и ги мапирал сите осум најзагрозени земји со кинеското присуство.

„На Црна Гора друштво и прават земјите како Лаос, Монголија, Таџикистан, Киргистан и Пакистан“, рече Јовановиќ.

Тој наведе и дека Црна Гора, покрај Србија и Германија, највеќе увезува од Кина, истакнувајќи дека од таа држава увезува 10% од вкупниот увоз.

„Зголемено присуство на ЕУ на Западен Балкан би била порака на сите трети страни кои се обидуваат да ја одвратат од својот пат Црна Гора и другите земји од регионот“, рече Јовановиќ.

Балканскиот полуостров важен за стратешките цели на Кина

Аналитичарот на ДФЦ, Марко Бановиќ оценува дека Балканскиот полуостров е од голема важност за Кина и за остварување на нејзините стратешки цели. Тој објави дека примерот, кога е во прашање Словенија, пристаништето Копер кое во 2018 година и официјално и се приклучи на кинеската Иницијатива Појас, а кога е во прашање Хрватска главен кинески проект во таа држава е изградба на мостот Пелешац.

„Што се однесува до Романија, се гледа дека кинеското влијание има лимити, романските власти почнаа да го ревидираат влијанието“, рече Бановиќ.

Говорејќи за соработката на Кина и Србија, тој рече дека таа се остварува преку инвестиции, кредити, култура, образование, но и безбедносниот сектор.

За влијанието на Кина во Босна и Херцеговина, Бановиќ нагласува дека тоа е држава во која Кина направила најзначајно економско, но и политичко мешање на Западен Балкан.

„Не е неочекувано што Кина остварила силно мешање во Република Српска (ентитет во Босна и Херцеговина)“, рече Бановиќ.

AA
Популарни