Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија нема да ги признае референдумите за припојувањето на четирите украински области на Русија.     Фото: АА (Архива)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија нема да ги признае референдумите за припојувањето на четирите украински области на Русија.

„Србија не може и нема да ги признае, бидејќи Србија држи до меѓународното јавно право и резолуциите на Обединетите нации. Ние го штитиме својот територијален интегритет и за нас е најдобро да го штитиме интегритетот на меѓународно признаените држави“, рече Вучиќ пред новинарите во Инѓија.

Тој додаде дека тоа се работи кои за Србија се од пресудно значење, „инаку Србија повеќе никаква позиција не би имала за прашањето за Косово“.

Како што рече на 4 и 5 октомври веројатно ќе бидат донесени одлуки за припојување на четирите области кон Русија. Вучиќ додаде дека го интересира како на 5 и 6 (октомври) Советот на Европа ќе покрене процедура за зачленувањето на Косово, по одлуките на Русија.

AA
Популарни