Вучиќ: Србија останува на европскиот пат, но сама донесува одлуки     Фото: АА

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ се состана со претставниците на Европскиот парламент (ЕП) во меѓупартискиот дијалог, известувачот на ЕП за Србија Владимир Билчик и членот на Делегацијата на Одборот на ЕП за стабилизација и придружување на ЕУ Матјаж Намец, со кои разговараше за ситуацијата во регионот и другите актуелни прашања.

Тема на разговорите на Вучиќ и претставниците на ЕП беше и посветеностна на Србија и правецот во кој ќе оди политиката на земјата во однос на прашањето на усогласувањето со европската политика.

„Претседателот Вучиќ уште еднаш ја повтори добро познатата позиција на Србија и истакна дека нашата земја останува на европскиот пат, но како независна и суверена земја која сама донесува одлуки кои се однесуваат на нејзините државни и национални интереси“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Претставниците на ЕП ја изразија спремноста да го продолжат процесот на меѓупартискиот дијалог со Народното собрание на Република Србија. Исто така, уште еднаш го повторија барањето Србија да воведе санкции на Руската Федерација, како и поголема усогласеност на нашата земја со политиката на ЕУ од областа на човековите права и мигрантските движења“, соопштено е од Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Се истакнува дека претседателот на Србија „на недвосмислен“ начин ја објаснија позицијата на таа земја во однос на сите спомнати прашања.

AA
Популарни