Чавушоглу: Ердоган наредниот месец ќе ги посети балканските земји     Фото: АА

Министерот за надворешни работи на Туркије Мевлут Чавушоглу изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наредниот месец ќе ги посети балканските земји, како и дека тоа ја потврдува посветеноста на мирот и стабилноста на регионот.

„Посетата која наредниот месец на балканските земји ќе ја има претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган ја потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста на регионот. Туркије силно го поддржува мирот и стабилноста на Балканот“, рече Чавушоглу, говорејќи на отворањето на 13. Конференција на амбасадорите која се одржува во Анкара.

Чавушоглу рече дека Туркије со своите воени операции на северот на Сирија го отвори патот кон сигурно враќање.

„Меѓутоа, терористичката организација ПКК/ЈПГ/ПЈД и нејзините ограноци продолжуваат да ја напаѓаат нашата земја и сириските цивили за да го нарушат ова опкружување на стабилност и да го унапредат својот сепаратистички план. Нашата земја значително придонесе кон безбедноста на милиони Сиријци, затоа од нас не може да се очекува да седиме со скрстени раце на нападите на терористите на ЈПГ/ПКК“, рече Чавушголу.

Истакнувајќи дека Туркије поддржува ослободување на окупираните азербејџански територии, Чавушоглу рече дека неговата земја поддржува вистина и правда.

Чавушоглу повторно ја предупреди Ерменија да се воздржи од нови провокации.

AA
Популарни