Директорот на Дирекцијата за медиуми и комуникации на претседателството на Туркије (Турција) денеска повика на реструктуирање на Советот за безбедност на Обединетите нации со цел да ги претставува континентите, верувањата, потеклото и културите на најправеден начин.
„Реструктуирањето на Советот во структура која ги претставува континентите, потеклото и културите на најправеден можен начин ќе биде револуционерен чекор кон решение и глобален мир“, изјави Фахретин Алтун во видеопорака на панел-дискусијата насловена како „Реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации: Нов пристап кон реконструкција на меѓународниот поредок“.
Организарот на панел-дискусијата беше Дирекцијата за комуникации на Туркије, а настанот се одржа во Буенос Ариес, главниот град на Аргентина.
„За да се обезбеди поодржлив глобален мир, ОН мора да го одразуваат мултикултурализмот“, повика Алтун.
Забележувајќи дека „сегашната структура на ОН не обезбедува решение за глобалните проблеми, туку повеќе застој“, тој рече: „Сведоци сме како постојаното членство во Обединетите нации на една од завојуваните страни или на една од кризните страни го попречува процесот.“
„Системот ги сместува Обединетите нации на страната на своите пет постојани членки, не на слабите, угнетените или праведните“, рече тој. „Ова е нивната сегашна организациска структура, Обединетите нации не се во можност да се изјаснат за угнетувањето.“
Велејќи дека на азиските, латиноамериканските и африканските земји им е „категорично забрането застапувањето во Советот за безбедност на ОН“, Алтун потсети на мотото на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган: „Светот е поголем од пет.“
„Тоа е приговор против угнетувањето, неправдата и нееднаквоста. Тоа е приговор за функционирањето на светскиот систем воспоставен од пет земји и за глобалните неправди“, забележа тој.
„Денес, реформските напори на ОН бараат поинтензивни преговори од кога било и потребни се препораки за тоа каква организација треба да бидат ОН.“
„Но наместо да се дискутира за тоа, сево ова треба да се направи. Со цел поефективно да се одржи глобалниот мир и безбедноста, треба да се развијат нови ОН“, рече тој.
Алтун ги повика сите земји да го разгледаат долгогодишниот став за ова прашање.
„Нашиот предлог за решение е да ја усвоиме перспективата изразена во изреката ’Светот е поголем од пет‘ и да се фокусираме на реструктуирање на Советот за безбедност на ОН“, рече тој.