Двете земји беа официјално поканети да се приклучат на НАТО откако Туркије го укина ветото на нивното членство по потпишувањето на трилатералниот меморандум на 28 јуни.          Фото: АА

Дводневните технички разговори меѓу турската и шведската делегација за екстрадиција на терористите започнаа во средата во Анкара, Туркије.

Турската страна ја предводи Касим Чичек, генерален директор на Одделот за надворешни работи и Европската унија при Министерството за правда.

Минатата недела турскиот министер за правда Бекир Боздаг рече дека Анкара очекува Шведска и Финска да ги екстрадираат турските членови на терористичките организации ФЕТО и ПКК.

Шведска и Финска формално поднесоа барање за влез во НАТО во мај, одлука поттикната од руската војна против Украина.

Сепак, Туркије, долгогодишна членка на алијансата, изрази приговори за нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги земјите дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките групи.

Двете земји беа официјално поканети да се приклучат на НАТО откако Туркије го укина ветото на нивното членство по потпишувањето на трилатералниот меморандум на 28 јуни.

AA
Популарни