Скопски аквадукт: Еден од последните на Балканот зачуван во целост

Скопски аквадукт: Еден од последните на Балканот зачуван во целост

Археолошкиот локалитет Скопски аквадукт е грандиозен монументален објект и претставува една од позначајните културно-историски знаменитости на градот. Токму овој аквадукт е еден од ретките на Балканот зачуван во целост. Македонската влада во април 2021 година донесе одлука за прогласување на споменикот Аквадукт за културно наследство од особено значење. Иако во последните години неколку пати е најавувана конзервација и реставрација на објектот Аквадукт, оставен е да му пркоси на забот на времето.