Размената на 215 воени заробеници меѓу Русија и Украина е уште еден пример за важната улога на Туркије во регионот     Фото: АА

Размената на 215 воени заробеници меѓу Русија и Украина е уште еден пример за важната улога на Туркије во регионот, истакна американски експерт за безбедност и надворешна политика.

„Последната размена на затвореници е уште еден пример за важната улога на Туркије во регионот во обидот за изнаоѓање мир и стабилност“, изјави Лук Кофи, виш соработник во Институтот „Хадсон“, американски тинк-тенк и истражувачки центар.

„Од географски, економски, политички и историски причини, Туркије смета дека има посебна улога во регионот на Црното Море“, рече Кофи. „Она што го видовме со Договорот за жито, а исто така и пристапот на Туркије кон Москва и Киев за мировни преговори е одличен пример за важната улога на Туркије.“

Мет Брајза, аналитичар и поранешен американски дипломат, изјави дека оваа размена на затвореници е „уште еден пример за вештината на турската дипломатија и корисноста во правец на одржувањето отворени канали за комуникација со двете страни“.

Брајза, висок истражувач во Атлантскиот совет, тинк-тенк со седиште во Вашингтон, рече дека Москва ќе достигне точка каде што ќе ѝ треба посредник за ставање крај на војната.

„Ќе дојде време кога претседателот [Владимир] Путин ќе го прифати она што веќе е очигледно – дека Русија не може да победи во војната во Украина – и во тој момент ќе сака да го деескалира конфликтот за што ќе му треба посредник“, рече тој.

„Сметам дека дури и во период кога претседателот Путин се заканува дека ќе го ескалира конфликтот до употреба на нуклеарно оружје, што е основна руска воена доктрина – е доктрина за ескалација со цел деескалација.“

„Путин се подготвува за посредништво“

И покрај заканата од ескалација, сепак, Брајза смета дека Путин „сега испраќа знаци дека сфаќа дека ситуацијата не оди според неговиот план, како што лажно тврдеше во текот на оваа инвазија“.

„Тој знае дека мобилизацијата на 300.000 Руси е длабоко непопуларна. И затоа на ослободувањето, особено на петтемина британски затвореници и двајца американски затвореници, гледам како знак дека Путин ги испраќа првите благи сигнали дека се подготвува за посредништво, во кое Туркије може да игра важна улога“, рече тој.

Како што рекоа и украинскиот претседател Владимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, „ова турско посредување даде некои многу важни придобивки во човечка или хуманитарна смисла“, додаде тој.

Во средата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека Русија и Украина размениле 200 заробеници како резултат на посредништвото и дипломатската комуникација на Туркије со лидерите на двете земји.

Зеленски во видеоизјава ја потврди размената на 215-те украински војници и ѝ се заблагодари на Туркије за нејзината улога.

Во меѓувреме, Русија соопшти дека 55 нејзини војници биле ослободени од Киев.

Размената на уште 10 воени заробеници меѓу Русија и Украина беше посредувана од Саудиска Арабија во средата, при што беа ослободени двајца Американци и пет британски државјани, како и еден Мароканец, еден Хрват и еден шведски државјанин.

AA
Популарни