Околу 70 отсто од американската јавност не сака Бајден да се кандидира за реизбор во 2024 година покажа анкетата спроведена ширум САД /  Фото: AA

Околу 70 отсто од американската јавност не сака Бајден да се кандидира за реизбор во 2024 година покажа анкетата спроведена ширум САД од телевизијата „Си-Ен-Си-Би-Си“ (CNCBC) и компанијата „Ол-Америка Економик Рисрч“ за изборите во 2024 година.

Според анкетата, најмалку 57 отсто од гласачите на Демократската партија изјавија дека демократскиот лидер Бајден не би требал да се кандидира за втор мандат, а тој процент бил 86 отсто меѓу републиканците и 66 отсто меѓу гласачите кои себеси се опишуваат како независни.

Процентот на оние кои мислат дека Бајден добро ја врши својата работа како претседател се намали од 46 отсто во октомври на 41 отсто во ноември, а процентот на оние кои рекоа дека не ја одобруваат политиката на Бајден се зголеми од 50 отсто на 54 отсто.

Само 14 отсто од испитаниците се изјасниле дека економијата е многу добра, додека стапката на оние кои изразиле одобрување на Бајденовата економска политика останала на 38 отсто. Истражувањето, кое покажа дека огромното мнозинство од испитаниците не сакаат Бајден да се кандидира, наведувајќи ја неговата возраст и здравствената состојба, покажа дека 61 отсто од испитаниците не го сакаат поранешниот претседател Доналд Трамп, кој минатиот месец ја објави својата кандидатура за изборите во 2024 година.

Во анкетата 37 отсто републиканци, 61 отсто независни и 88 отсто демократи, рекоа дека не сакаат Трамп да се кандидира за втор мандат.

TRT Balkan / агенции
Популарни