Бакингемска палата: Почина кралицата Елизабета Втора      Фото: АА

На 96-годишна возраст почина британската кралица Елизабета Втора, соопшти Бакингемската палата.

„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево“, соопштија од палатата.

„Кралот и кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер, а ќе се вратат во Лондон утре“, се додава.

„Длабоко жалиме за смртта на почитуваната и многу сакана мајка“, рече кралот Чарлс по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Кралицата имаше проблеми со подвижноста и здравјето во последните 12 месеци поради старост.

Таа мораше да откаже многу ангажмани поради здравствените проблеми и по совет на лекар.

Нејзиното последно појавување во јавноста беше за време на прославата на Платинестиот јубилеј во јуни, по повод 70 години на британскиот трон.

Во денешното претходно соопштение беше објавено дека кралицата била под „медицински надзор“ на имотот Балморал во Абердиншир, Шкотска.

AA
Популарни