Според податоците на британскиот парламент во 2021 година, увозот од Русија чинеше четири отсто од гасот кој се користи во Велика Британија, девет отсто од нафтата и 27 отсто од јагленот.

Британскиот енергетски регулатор предупреди дека Велика Британија би можела да се соочи со значителен ризик од недостиг на гас во текот на зимата.

Тоа би можело да значи дека од големите индустриски потрошувачи во Велика Британија ќе се бара да престанат да користат гас доколку се прогласи вонредна состојба поради недостаток, воглавно предизвикан од последиците од руско-украинската војна.

Предупредувањето на енергетскиот регулатор Офгем го објави лондонскиот весник „Тајмс“ (Times).

И Меѓународната енергетска агенција (ИАЕ) соопшти дека ситуацијата на глобалните пазари на природен гас ќе остане затегната следната година, с помал протек на гас од Русија во Европа, високите цени, помалата побарувачка и влијанието на мерките на заштеда на енергијата.

„Со оглед дека руското намалување на дотокот на природен гас во Европа доведува до раст на меѓународните цени и го поремети трговскиот тек, тоа доведува до недостиг во економиите во настанување и економиите во развој“, соопшти ИЕА.

Се наведува и дека намалениот проток од Русија во Европа ги продлабочува пазарните тензии и неизвесноста во пресрет на зимата, не само за Европа, туку и за сите пазари кои се ослонуваат на истиот извор на набавка на течниот природен гас.

Според податоците на британскиот парламент во 2021 година, увозот од Русија чинеше четири отсто од гасот кој се користи во Велика Британија, девет отсто од нафтата и 27 отсто од јагленот. Минатата година увозот на гас, нафтата и јагленот од Русија во Велика Британија беше во вредност од 4,5 милијарди фунти (околу 5,15 милијарди евра).

Според податоците на Евростат, во 2020 година увозот од Русија сочинуваше 39 отсто од гасот кој се користи во ЕУ, 23 отсто од нафтата и 46 отсто од јагленот.

TRT Balkan / агенции
Популарни