Во последните 12 години цените на домовите пораснале во 24 земји членки на ЕУ / Photo: ТРТ Балкан

Цените на домовите во Европа растат вртоглаво побрзо од кириите, покажува најновата статистика на Евростат. Европската статистичка институција пресмета дека кириите на домовите во рамки на ЕУ во третиот квартал од 2022 споредено со истиот период 2021 година пораснале за 2,1 отсто, а цените на домовите за 7,4 отсто.

Во анализата која опфаќа податоци од 2010 до 2022 година се вели дека кај цените на куќите и закупнините имало слична растечка патека помеѓу 2010 и вториот квартал од 2011 година. По овој период се забележуваат промени.

Додека закупнините биле во постојан нагорен тренд до третиот квартал од 2022 година, цените на домовите значајно осцилирале, а од 2015 година се во нагорен тренд.

Цените на домовите имале пад, од вториот квартал на 2011 година до првиот квартал од 2013 година, а од 2013 до 2014 година постои стабилизација на пазарот. По брзиот раст на цените на домовите во ЕУ во 2015 година тие во следните години растат и побрзо од закупнините.

Од 2010 година до третиот квартал во 2022, кириите се зголемени за 18 отсто, а цените на домовите за 49 отсто.

Естонија и Литванија меѓу државите со најголеми покачувања

Податоците на Евростат детално го покажуваат покачувањето на закупнините и на цената на домовите во секоја од државите членки. Естонија и Литванија фигурираат како едни од водечките земји во двете категории.

Кога ќе се спореди третиот квартал на 2010 година со третиот квартал на 2022 година, цените на домовите пораснале повеќе од цените на кириите во 19 земји членки.

Во овој период цените на домовите пораснале во 24 земји членки, а се намалиле само во три.

Во некои држави цените на домовите пораснала повеќе од два пати. Во Естонија (199%), Унгарија (174%), Луксембург (140%), Литванија (137 %), Латвија (134 %), Чешка (133 %) и Австрија (130 %) Намалување е утврдено кај три земји Грција, Италија и кај Грчката администрација на Јужен Кипар.

Што се однесува до закупнините во истиот период, зголемување има кај 26 држави, а намалување само кај една членка. Најголемите зголемувања се регистрирани во Естонија (233%) и Литванија (151 %), а намалување е регистрирано само во Грција.

TRT Balkan
Популарни