Министрите Чавушоглу и Трас на прес конференција     Фото: AA

Министерот за надворешни работи на Туркије (Турција) Мевлут Чавушголу изјави дека контролниот центар за коридорот за извоз на житарки од Украина ќе биде воспоставен доколку руската и украинската страна постигнат договор, на состанокот кој наскоро ќе се одржи во Истанбул.

„Ако се потпише договор во Истанбул, тогаш ќе има воспоставен контролен центар како безбедна зона надвор од украинските територијални води“, рече Чавушоглу за време на прес-конференцијата во Анкара со неговата британска колешка Лиз Трас.

Поддржувајќи ги напорите на Обединетите нации (ОН), Чавушоглу, исто така, рече дека Туркије се обидува со Русија и Украина да го реши проблемот со житото.

Во врска со наводите за украдени житарици од Украина, министерот Чавушоглу нагласи дека Туркије ја истражувала земјата на потекло на сите споменати производи и тие биле означени како руски.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека неговата земја е против нелегално купување на украинско жито од страна на која било земја, вклучително и Русија, но не ограничувајќи се само на неа, и потоа тоа жито да им биде продавано на други земји.

Заеднички напори на Туркије и Велика Британија

Истакнувајќи дека Туркије има целосна решителност за ова прашање, Чавушоглу, исто така, изјави дека земјата нема да дозволи влез на такво жито.

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Трас, рече дека Велика Британија и Туркије работат заедно за да го извлечат житото од Украина.

Поздравувајќи ја водечката улога на Туркије во отворањето на коридорот за извоз на жито од Украина, Трас ја истакна итноста на кризата, додавајќи дека таа ќе има катастрофални последици доколку не се реши во текот на следниот месец.

AA
Популарни