Израелската армија објави дека четворица војници загинале, а седум други се повредени по нападот со дрон на Хезболах врз воена база јужно од градто Хаифа на северот на Израел.
Армискиот портпарол Даниел Хагари го даде првиот официјален коментар за нападот, во кој израелските медиуми објавија дека биле повредени 67 луѓе.
Хагари рече дека беспилотно летало на Хезболах погодило „воена база во близина на Бињамина и сите жртви беа пренесени во болници, а нивните семејства се известени.
„Четири израелски војници загинаа, а седум други беа тешко ранети“, потврди тој.
Претходно во неделата Хезболах објави дека нападнале камп на израелската армија во близина на Хаифа користејќи беспилотни летала. Израелските медиуми јавија дека се повредени 67 лица, од кои четворица се во критична состојба.
Радиото на израелската армија објави дека војската отворила истрага зошто не се активирале предупредувачките сирени кога дронот влегол во Израел.
Израелскиот одбранбен систем не успеал да го открие дронот и немало обид за пресретнување, наведува радиото.
Официјалната израелска телевизија Кан објави дека командантот на воздухопловните сили ген. Томер Бар лично ја надгледуваше воената истрага.
Весникот Израел Хајом објави дека експлозии слушнале жители на Хаифа и блиските населби, како Кирјат, без да се активираат предупредувачките сирени.
Весникот исто така објави дека два дрона навлегле во северниот регион од Средоземното Море. Едниот бил пресретнат во близина на Нахарија, додека израелските воздухопловни сили изгубиле трага на другиот, што довело до откажување на сирените.
Во подоцнежна изјава, израелската војска соопшти дека пресретнала беспилотно летало во северната поморска област лансирана од Либан, без да даде дополнителни детали.
Израелски борбени авиони во неделата погодија 70 цели на Хезболах, вклучително и воени згради и локации за лансирање ракети, се вели во военото соопштение.
Израел изврши масовни воздушни напади низ Либан против, како што тврди, цели на Хезболах од 23 септември, при што загинаа најмалку 1.488 луѓе, беа повредени над 4.297 други и раселени повеќе од 1,34 милиони луѓе.
Воздушната кампања е ескалација од едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на офанзивата врз Појасот Газа, во која Израел уби над 42.200 луѓе, повеќето жени и деца.
И покрај меѓународните предупредувања дека Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан.