Ердоган, Зеленски и Гутереш разговараа за чекорите кои можат да бидат преземени со цел преку дипломатски средства да се заврши руско-украинската војна.     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изрази загриженост поради судирите околу нуклеарната електрана Запорожје во Украина.

„Не сакаме да доживееме нов Чернобил“, рече Ердоган на прес-конференцијата по трилатералниот состанок во Лавов со претседателот на Украина Владимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации Антотио Гутереш.

Ердоган, Зеленски и Гутереш разговараа за чекорите кои можат да бидат преземени со цел преку дипломатски средства да се заврши руско-украинската војна и да се одржи механизмот кој неодамна е воспоставен за извоз на украинското жито на светските пазари.

„Во текот на нашите состаноци ги оценивме можностите за трансформација на позитивната атмосфера создадена со Истанбулскиот договор во траен мир“, рече Ердоган.

Според него, не само Украина, туку и целито свет почна да ги чувствува позитивните ефекти на историскиот договор постигнат во Истанбул за продолжување на украинскиот извоз на жито преку Црното море во остатокот од светот.

„Од 1 август испорачавме околу 625.000 тони украинско жито на светските пазари со 25 бродови“, рече турскиот претседател.

Според Ердоган, руско-украинската војна беше главна тема на разговорите, а фокусот беше на можностите за завршување на војната.


Ердоган истакна дека Туркије го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

„Туркије работи на дипломатско завршување на судирот. Бевме покрај нашите украински пријатели и продолжуваме тоа да го правиме“, рече Ердоган и истакна:

„Војната ќе се заврши на преговарачка маса. Зеленски и Гутереш го поддржуваат овој став.“
Турскиот претседател рече и дека Туркије ќе продолжи да го оценува исходот од состаноците во Украина со рускиот претседател Владимир Путин и руската страна.

Турскиот претседател претходно се состана со Зеленски, а на прес-конференцијата изјави дека разговарале за односите на ниво на стратешко партнерство кое ги покрива сите димензии, можноста за понатамошта соработка и солидарноста.

Туркије, ОН, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за повторно отворање наа три украински пристаништа на Црното море, за да се извезе житото задржано во украинските пристаништа поради руско-украинската војна која почна на 24 февруари.

Генералниот секретар на Обединетите нации, на прес-конференцијата по трилатералниот состанок рече дека договорот потпишан во Истанбул е значаен за да им се помогне на загрозените луѓе во секој дел од светот.

„Од почетокот на руската инвазија врз Украина бев јасен дека нема решение за глобалната прехранбена криза без обезбедување глобален пристап до украинските прехранбени производи, руската храна и ѓубривата“, нагласи Гутереш.

Според него, руската војна во Украина донесе смрт, масовни разорувања, раселување и драматични кршења на човековите права.

Гутереш изрази загриженост поради ситуацијата во нуклеарната електрана Запорожје, повикувајќи ги Русија и Украина на здрав разум.

„Било каква потенцијална штета на нуклеарната електрана Запорожје е самоубиство, таа не смее да се кори како дел од било каква воена операција“, предупреди Гутереш.

Украинскиот претседател Зеленски рече дека Ердоган одиграл водечка улога во договорот за испорака на житото, што помогнало во глобалната криза со храна.

Зеленски нагласи дека Русија мора веднаш да ги повлече своите трупи од нуклеарната електрана во Запорожје и да ги прекине провокациите и нападите.

„За да почнат мировните преговори, Русија првин мора да ги напушти окупираните украински територии“, нагласи Зеленски.

AA
Популарни