Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ги критикуваше европските земји кои ги штитат терористичките организации, вклучително и ПКК и ФЕТО.     Фото: АА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ги критикуваше европските земји кои ги штитат терористичките организации, вклучително и ПКК и ФЕТО.

„Како што се уништуваат гнездата на терористичките организации, така членовите на терористичките организации отворено си поставуваат кампови во некои земји. Убијците кои ја пролеаја крвта на нашите граѓани се заштитени во речиси секоја земја во Европа, особено во логорот Лаврион во Грција. Тие можат слободно да се шетаат мавтајќи со рацете“, рече Ердоган на состанокот во главниот град Анкара.

Ердоган ги даде овие изјави еден ден откако полицаец беше убиен, а друг повреден во терористички напад на ПКК врз полициска станица во јужната турска област Мерсин.

„Терористите претставуваат закана за мирот и безбедноста на западните земји кои ги штитат терористичките организации“, предупреди Ердоган и рече дека очекува сите земји, особено соседите на Туркије, да ги преземат неопходните мерки против терористичките организации.

Во врска со воените активности на Грција, Ердоган повтори дека Анкара многу добро ги знае намерите на оние кои ја испровоцираа Атина.

„Оружјето натрупано во Западна Тракија и на островите нема никаква смисла за нас бидејќи нашата моќ е далеку над нив, но ве потсетуваме дека тоа значи прикриена окупација.“

Претходно, беспилотните летала на турската Армија забележаа дека Грција, кршејќи го меѓународното право, распоредила оклопни возила на островите Мидили (Лезбос) и Сисам (Самос).

Ердоган рече дека Туркије не сака Егејското и Средоземното Море „да бидат загадени со човечка крв, солзи или непријателство“.

„Сакаме мир и спокојство со сето срце“, додаде тој.

AA
Популарни