Во септември инфлацијата во Германија изнесуваше 10 отсто, а економскиот институт Ифо предвидува понатамошен раст на цените.     Фото: Ројтерс

„Речиси една третина на граѓаните на Германија, 32 отсто, не се во состојба од финансиите со кои располагаат да издвојат 1.150 евра за ненадејни трошоци, на пример, во случај за поправка на автомобил или потреби за набавка на некој уред“, соопшти Сојузниот уред за статистика во Визбаден.

Со тоа бројот на овие граѓани е повисок отколку во Франција (27 отсто) или Холандија (15,1 отсто). Во другите земји на ЕУ како Хрватска, Романија, Грција, грчката администрација на јужен Кипар и Летонија, процентот на граѓани кои не се во состојба од сопствените заштеди да издвојат средства за ненадејни трошоци ја надминува вредноста од 40 отсто.

Во Германија во 2021 година, две петини од граѓаните годишно на располагање имаа помалку од 22.000 евра. Експертите сметаат дека материјалната состојба на граѓаните кои порано имале финансиски проблеми дополнително се влошила во текот на пандемијата од коронавирусот и во последните месеци поради инфлацијата.

Во септември инфлацијата во Германија изнесуваше 10 отсто, а економскиот институт Ифо предвидува понатамошен раст на цените.

„Покачувањето на цените пред сѐ, се однесува на електричната енергија и плинот, но и на останатите сегменти“, рече претседателот на Ифо институтот Тимо Волмерсхасер.

Според информациите на овој институт, повеќето малопродажни ланци планираат во следните недели и месеци да ги покачат цените, а истото се однесува и на угостителите и на хотелиерите.

Германската влада минатата недела донесе нов пакет на мерки во вредност од 200 милијарди евра, со кој на граѓаните и на стопанството преку субвенциите цената на енергентите би помогнала во надминување на новонастанатата финансиска ситуација предизвикана од порастот на цените, пред сѐ на енергентите.

TRT Balkan / агенции
Популарни