Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Обединетите нации (ОН) да влијаат на Европската комисија    Фото: АА

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Обединетите нации (ОН) да влијаат на Европската комисија за прашањето за укинување на санкциите за извозот на руски ѓубрива во земјите во развој.

Говорејќи на состанокот на Шангајската организација за соработка (SCO) во узбекистанскиот град Самарканд, Путин потсети дека ЕУ ги олеснила рестриктивните мерки за пратките на руски ѓубрива во Европа, но, како што рече, таквиот пристап ги дискриминира земјите во развој.

„Користејќи ја можноста, барам од денеска потсекретарот на ОН [за политички и мировни прашања, Розмари] Ди Карло да влијае на одлуката на [Европската] комисија и да побара од Европската комисија да ги отстрани дискриминаторските ограничувања кон земјите во развој“, рече Путин.

„Русија е подготвена бесплатно да пренесе 300.000 тони ѓубрива во земјите во развој откако ќе се создадат неопходните услови“, рече Путин, објаснувајќи го чекорот на Москва со економските политики кои се „оголени од егоизмот“.

AA
Популарни