Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека житото испорачано од Украина наместо во сиромашните земји, оди во земјите членки на Европската Унија (ЕУ), и рече дека Западот ја поттикнува глобалната криза со храна.     Фото: Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека житото испорачано од Украина наместо во сиромашните земји, оди во земјите членки на Европската Унија (ЕУ), и рече дека Западот ја поттикнува глобалната криза со храна.

Путин преку видеоконференција се обрати на состанокот со властите од земјоделскиот сектор на Русија.

Претседателот на Русија нагласи дека неговата земја оваа година собрала 138 милиони тони жито.

„До крајот на годината се очекува оваа бројка да достигне до 150 милиони. Тоа ќе биде рекордно ниво во историјата на Русија. На тој начин, во моменталната тешка состојба целосно ќе ги исполниме нашите потреби и ќе обезбедиме дополнителен ресурс за зголемување на извозот“, рече Путин.

Тој рече дека продолжуваат тешкотиите во испораката на руското жито и ѓубриво.

„Санкциите кон Русија создаваат закана со продлабочување на глобалната криза со храна што трае веќе неколку години. Моменталната состојба ја доживуваме поради финансиската и прехранбената политика на некои земји и Западот ја има целата одговорност за ова“, додаде тој.

Путин истакна дека житото испорачано од Украина не оди во сиромашните земји.

„Само четири од 203 брода што тргнаа од украинските пристаништа од 23 септември досега, отидоа во сиромашните земји. 14 од 46 брода што тргнаа минатата недела, од понеделник до петок, отидоа во Туркије, која е земја посредник, додека 25 од 32 брода отидоа во ЕУ. Дали ова се сиромашни земји. Тоа е целосна измама. Западот ја поттикнува глобалната криза со храна. Во овие услови, треба да ја обезбедиме безбедноста на храната и да ја намалиме зависноста од увезените ресурси, вклучувајќи ги опремата, машините и семињата“, нагласи рускиот претседател Путин.

AA
Популарни