Шефот на турската дипломатија Чавушоглу телефонски разговараше со Блинкен     Фото: АА (Архива)

Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Туркије.

Во соопштението се наведува дека двајцата министри разговарале за договорот за обнова на испорака на украинското жито од црноморските пристаништа, кои на 22 јули во Истанбул со посредување на Туркије и Обединетите нации (ОН) го потпишаа Украина и Русија.

Чавушоглу и Блинкен разговараа за последните случувања кога оваа тема е во прашање, како и за билатералните односи.

AA
Популарни