„Во овој клучен момент во војната, ние мора да обезбедиме потешки и понапредни системи за Украина“, рече Столтенберг на заедничка прес-конференција со германскиот министер за одбрана,       Фото: Ројтерс

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика Германија и сојузниците да испорачаат борбени тенкови и напредни системи за оружје на Украина.

„Во овој клучен момент во војната, ние мора да обезбедиме потешки и понапредни системи за Украина. Мора да го направиме тоа побрзо“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, во Берлин.

Столтенберг предупреди дека Русија се подготвува за нови офанзиви и рече дека сојузниците треба да ја засилат воената поддршка за Украина.

„Борбените тенкови се секако важни и за да можат да ги одбијат новите руски офанзиви, но и за Украина да може да ја врати територијата и да победи и да преовладува како суверена независна нација во Европа“, рече тој.

Столтенберг додаде дека денес имал добар разговор со Писториус за испораката на борбени тенкови „Леопард“ во Украина, велејќи дека е уверен дека наскоро ќе има решение.

Германија во преговори со сојузниците

Писториус ги потврди тековните разговори меѓу сојузниците за можна испорака на тенкови „Леопард“ во Украина, но исто така рече дека Берлин сè уште не донел одлука за ова прашање.

„По прашањето за тенковите Леопард, нема нови информации“, изјави тој за новинарите, додавајќи дека дискусиите сè уште се во тек, а одлуката најверојатно ќе биде донесена наскоро.

Шефот на германската одбрана рече дека додека течат разговорите, европските партнери кои поседуваат тенкови „Леопард“ од германско производство можат да започнат со мисии за обука.

„Ги охрабруваме нашите партнери, доколку имаат достапни тенкови Леопард, можат да започнат со обука на украински војници, доколку сакаат да го сторат тоа, ние нема да попречиме“, нагласи тој.

Се зголемува притисокот врз Германија да ѝ обезбеди на Украина борбени тенкови „Леопард 2“, но Владата на канцеларот Олаф Шолц досега се двоумеше, стравувајќи од ескалација на конфликтот со Русија.

Германската Влада постојано изјавуваше дека Берлин нема да дејствува сам по прашањата за воена поддршка на Украина, туку ќе продолжи тесно да се координира со САД и сојузниците.

Полска и Финска рекоа дека се подготвени да испорачаат тенкови „Леопард 2“ од германско производство во Украина, но им треба одобрение од Германија за трансфер од трета страна.

AA
Популарни