Туркије спремна за заеднички чекори со Сирија и Русија против тероризмот / Photo: AA

Туркије изрази спремност на соработка со Сирија и Русија во нејзините антитерористички напори.

„Моментално сакаме да направиме заеднички трилатерален чекор со Сирија и Русија. За тоа првин би требало да се состанат нашите разузнавачки организации, потоа нашите министри за одбрана, а потоа би требало да се состанат нашите министри за надворешни работи“, рече претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган во изјава за новинарите во авионот на враќање од посетата на Туркменистан.

Ердоган рече дека неговиот руски колега Владимир Путин го поздравил овој предлог во нивниот најнов телефонски разговор.

„Му предложив на Путин (рускиот претседател Владимир), првин да се собереме ние лидерите, на што тој гледа позитивно, така ќе го покренеме целиот ланец на преговори“, рече Ердоган.

Истакнувајќи дека терористичката организација е активна во Сирија, особено во нејзините северни делови, Ердоган рече дека „неговата земја ќе ги земе работите во свои раце доколку земји како Соединетите Американски Држави (САД) продолжат да обезбедуваат илјадници камиони оружје, муниција, алати и опрема за терористите во Сирија.“

Турскиот претседател исто така ги коментираше последните изјави на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел во врска со Туркије поради нејзините врски со Русија, како и во однос на санкциите на ЕУ против Москва.

„Не го земам Борел како свој соговорник. Тој може само да биде соговорник на господинот (турски министер за надорешни работи) Мевлут (Чавушоглу)“, рече Ердоган, опишувајќи ги примедбите на Борел како „грди“.

Запрашан за мерките на Германија против заседата на десничарските екстремисти, Ердоган ги поздрави мерките и рече дека е важно расветлување на процесот во рамките на владеењето на правото.

„Мојот народ, мојата земја е таа која најдобро ќе го разбере чувството во Германија против плановите за државен удар. За жал, не можам да кажам дека ја гледаме истата солидарност и разбирање на нашиот пријател и сојузник Германија“, порача Ердоган.

Говорејќи за Сирија, Ердоган рече дека бушењето нафта во таа земја се под заштита на коалициските сили, дека нафта на режимот му продава терористичка организација.

„Досега имавме трпение, но повеќе го немаме“, рече Ердоган.

AA
Популарни