КОРПОРАЦИЈА ТУРСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА

Целта на оваа политика за приватност и појаснувачкиот текст е да имате преглед за деталното пренесување за тоа кои се ваши лични податоци и за кои цели се обработуваат од страна на Турската радио телевизиска корпорација („ТRТ“).

Ние се грижиме за вашата приватност. Ние ги штитиме сите ваши лични податоци што ни ги испраќате во согласност со општите принципи на Законот за заштита на личните податоци бр. 6698 ("ЗЗЛП") и општите принципи на овој закон.

Кои лични податоци ги собираме?

Кога се регистрирате за услугите на TRT;

Обработена категорија на лични податоци

Детали за категоријата

Обработени апликации

Кориснички податоци

Тоа се личните податоци што ни ги давате или ги собираме ние за да ви овозможиме да се регистрирате во ТRТ и да ги користите услугите на ТRТ. Во зависност од начинот на регистрирање, може да се соберат вашето име, возраст, корисничко име, пол, е-пошта и телефонски број. Во одредени земји, официјалните информации за идентификациониот број можат да бидат собрани од наша страна за цели како што се наплата/фактурирање и даночна усогласеност.. Точно какви лични податоци се собираат, зависи од видот на мрежната апликација на TRT во која сте регистрирани, како сте го креирале вашиот профил и од тоа дали користите услуги за најавување од трети страни (на пр. Facebook, Twitter, Google) за да се регистрирате и користите услуги на мрежата ТRТ. Ако користите услуга од трета страна за да креирате профил, ние ќе ги собереме вашите лични информации преку таа услуга на трети лица само доколку сте дозволиле на таа услуга да ги споделува вашите податоци со нас.

Гледај TRT, Слушај TRT, Погоди TRT, TRT маркет, TRT детска библиотека (TRT İzle, TRT Dinle, TRT Bil Bakalım, TRT Market, TRT Çocuk Kitaplık)

Преку вашата употреба на услугите на ТRТ; (Се собираат информации за вас и вашата употреба на нашата услуга, податоци за вашите интеракции со нас и нашите реклами како и за вашите компјутери или други уреди (паметни телевизори, мобилни уреди, модеми и други уреди за пренос на медиуми) што можете да ги користите за пристап до нашиот сервис.)

Категорија на обработени лични податоци

Детали за категоријата

Обработени апликации

Податоци за користење

Податоци од техничко користење

За доленаведените податоци можеме да ги користиме следните услуги како што се: вклучени мрежни идентификатори како што се информации за униформен локатор на реурси URL, податоци за колачиња и IP адреси, единствени броеви за идентификација на уреди (ID), бренд на уред, модел на уред, тип на мрежна врска (пр. безжични, 3G, LTE, Bluetooth), име на точка/и на мрежен пристап и SSID, давател на услуга/ опслужувач, перформанси на мрежата и уредот, тип на прелистувач, верзија на прелистувач, податоци за управување со јазикот, дигиталните права, оперативниот систем, резолуцијата на екранот, временската зона и верзијата на мрежата TRT, податоци за видовите уреди што ги користите, својствата на уредот (како што се ID на уредот) или уредите за конфигурација на вашата безжична мрежа преку која можете да се поврзете на мрежата TRT (на пр. паметни звучници, паметни телевизори, поврзани уреди), може да користиме униформни идентификатори, спецификации на уреди и софтвери (како што се тип и структуирање), податоци за мрежата и вмрежувањето, статистичките податоци за приказот на страници, референтни извори (на пример, референтни URL-адреси), податоци за евиденција на прелистувачот и стандарден веб-сервер, апликации за мапирање од трети страни и/или услугата за локација на вашиот уред за да ја потврдиме вашата адреса.

TRT İzle, TRT Dinle, TRT Bil Bakalım, TRT Çocuk Kitaplık и други веб-страници и апликации поврзани со ТRТ

Податоци за движење во апликацијата

Барања за пребарување и историја на пребарување (историја на вашите барања, вклучително и датум и време, историја на активности

Други веб-страници и апликации поврзани со TRT İzle, TRT Dinle, TRT Çocuk Kitaplık и ТRТ

Дејствија во апликација како што се додавање слушана музика, подкасти, аудио театар, аудио книга и слични содржини на списокот, додавање аудио датотеки, допаѓања, споделување, време за слушање, премини во менито во апликацијата или кликнување на копче.

Сите TRT веб страници кои пружаат услуги како што се TRT Dinle (Слушај TRT) и аудио содржина.

Движења во апликации на визуелни содржини како што се ТВ серии, филмови, документарни филмови или програми што ги гледате и додавање и споделување на овие содржини на списокот, времињата на гледање, прескокнување на генеричката музика, навигација во менија во апликација или кликнување на копче.

Сите TRT веб страници кои пружаат услуги како што се TRT Dinle (Слушај TRT) и видео содржина.

Дејствија во апликација, како што се играта што ја играте, премини во менито во играта, поставки за режимот на игра, резултати од играта.

TRT Bil Bakalım (Погоди што TRT), TRT Çocuk Kitaplık (TRT Детска библиотека) ve TRT Çocuk (TRT Дете)

Дејства во апликацијата, како книгите што ги читал, колку време поминал во која книга, колку време поминал со прашања и игри на крајот од книгата за да создаде извештаи за матичната плоча во апликацијата.

TRT Çocuk Kitaplık (TRT Детска библиотека) и TRT Çocuk (TRT Дете)

Ваши коментари и барање за предлози.

Сите TRT веб страници кои пружаат видео услуги/ содржини како што се TRT Market (TRT маркет), TRT İzle (Гледај TRT), TRT Dinle (Слушај TRT), TRT Bil Bakalım (Погоди што TRT) и TRT Çocuk Kitaplık (TRT Детска библиотека)

Податоците што сте ги избрале да ни ги дадете и податоци кои ви овозможуваат да ви понудите дополнителни функции;

Категорија на обработени лични податоци

Детали за категоријата

Обработени апликации

Податоци за набавка

Име, презиме, број на мобилен телефон, е-пошта, податоци за адреса

TRT маркет

Податоци за натпревар, анкета, е-пошта, извлекување, апликација и образец за контакт

Ги собираме личните податоци (име, презиме, е-пошта, телефонски број, идентификациски број на земјата во која се наоѓате и телефонски број) кога пополнувате кој било формулар, ја потврдувате пораката, одговарате на анкета или прашалник или учествувате на натпревар.

Други веб-страници и апликации поврзани со TRT İzle (Гледај TRT), TRT Dinle (Слушај TRT), TRT Bil Bakalım (Погоди што TRT) и TRT Çocuk Kitaplık (TRT Детска библиотека) и TRT.

Како ги собираме вашите лични податоци

Вашите лични податоци можеме да ги собереме автоматски преку нашата интернет страница и мобилни апликации на доленаведените начини;

  • Ако креирате членство со регистрација,
  • Ако ги користите нашите услуги, апликации и веб-страници,
  • Ако ги пренесете вашите податоци дури и преку релевантни форми и на други начини.

Меѓудругото, ние исто така може овие податоци можеме да ги собереме преку трети страни.

Податоци од трета страна:

Трета страна

Обезбедени податоци

Партнери за автентикација;

Ако се регистрирате или најавите на нашите услуги со користење на услуги од трета страна (на пр. Фејсбук), ние вашите податоци ќе повлечеме од таа трета страна за да ви помогнеме да креирате сметка кај нас.

Партнери од технички сервиси

Ние соработуваме со партнери за технички услуги за да ни обезбедат специфични податоци, како што се мапирање на IP адреси во неточни податоци за локација (на пример, град, држава) кои ни овозможуваат да обезбедиме пружање на услуги, содржини и карактеристики на TRT.

Партнери за плаќање

Можеме да собереме податоци во врска со вас ако одберете да платите за услуга или одлика преку фактура, може да добиеме податоци од нашите партнери за плаќање што ќе ни овозможат да ви фактурираме, да ја процесираме вашата исплата и да ви го обезбедиме купеното

Огласувачи на реклами и други партнери

Може да собереме одредени информации за вас од одредени рекламни и партнери за рекламирање, како што се податоци за идентификација на колачиња, податоци за идентификација на мобилен уред, е-пошта и заклучоци за вашите интереси и преференции, со цел да ви обезбедиме порелевантни реклами, да испорачуваме кампањи и да испраќаме известувања за мерење на нивната ефикасност.

Партнери за даватели на услуги за аналитика

Можеме да добиеме податоци од нашите партнери за услуги за аналитика кои ќе ни помогнат детално да ги запознаеме нашите корисници кои доаѓаат и ги посетуваат нашите веб-страници и апликации, подобро да ги разбереме очекувањата на нашите корисници, ќе придонесат за развојот на нашите содржини во насока што ја сакаат нашите корисници и да преземеме правилни чекори за промотивни и рекламни кампањи.

Правна основа на нашите цели на обработка на податоци и обработка.

Ние, вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со општите принципи на член 4 од Законот за заштита на личните податоци, во услови на обработка на податоци согласно член 5 од Законот за заштита на личните податоци.

Обработени лични податоци

Цел на обработката

Правна основа

Кориснички податоци, податоци за употреба, податоци за плаќање и купување, податоци за анкети и наградни игри.

Претставување и управување со услугите на ТRТ (како што се веб-страници, апликации, профили на социјални медиуми), продукција на статистички и научни информации, соодветно на тоа развивање на нашите производи и услуги, зголемување на задоволството од нашите производи и услуги и во тие рамки пружање самокритика на корисникот.

Со цел да се утврди или стави во примена договорот, неопходно е да се обработат личните податоци што им припаѓаат на страните во договорот. Обработката на податоците е задолжителна поради легитимните интереси на контролорот на податоци, под услов да не им наштети на основните права и слободи на засегнатото лице. Присуство на изречна согласност

Податоци на корисникот, податоци за употреба

Овие податоци се потребни за разбирање, утврдување, надминување и решавање на проблемите со услугата на TRT.

Неопходно е да се обработат лични податоци што им припаѓаат на страните во договорот со цел да се утврди или изврши договорот. Обработката на податоците е задолжителна поради легитимните интереси на контролорот на податоци, под услов да не им наштети на основните права и слободи на засегнатото лице.

Податоци на корисникот, податоци за употреба

Евалуација и развој на новите карактеристики, технологии и подобрувања поврзани со услугите на ТRТ.

Обработката на податоците е задолжителна поради легитимните интереси на контролорот на податоци, под услов да не им наштети на основните права и слободи на засегнатото лице.

Податоци на корисникот, податоци за употреба, податоци за плаќање и купување

Воспоставување контакт и комуникација користејќи ги сите видови алатки за комуникација, маркетинг, промотивни и рекламни цели во рамките на институционалните услуги и развој, комунални услуги и активности.

Присуство на изречна согласност.

Податоци за корисниците, податоци за употребата, податоци за плаќање и купување, податоци за наградна анкета и извлекување ждрепка

Усогласување со правните обврски и барањата на безбедносните сили.

Обработката на податоците е задолжителна за да одговорното лице за обработка на податоците може да ја исполни својата законска обврска.

Кориснички податоци, податоци за употреба, податоци за плаќање и купување

Исполнување на правните обврски со трето лице согласно постигнатиот договор, како што се пример договорите за лиценца и преземање соодветни активности за поврзаните извештаи.

Обработката на податоците е задолжителна поради легитимните интереси на контролорот на податоци, под услов да не им наштети на основните права и слободи на засегнатото лице

Податоци за корисниците, податоци за употребата, податоци за плаќање и купување, податоци за наградни игри, анкети и извлекувања

За поднесување законски побарувања, за исполнување на овие барања или заштита на истите.

Обработката на податоците е задолжителна за утврдување, употреба или заштита на правата.

Податоци за корисниците, податоци за употребата, податоци за плаќање и купување, наградни игри, анкети и извлекувања.

За да може да се оствари деловно планирање, за архивирање, анализа, известување и предвидување за да се спречи евентуалната загуба на податоците.

Обработката на податоците е задолжителна поради легитимните интереси на контролорот на податоци, под услов да не им наштети на основните права и слободи на засегнатото лице.

Кориснички податоци, податоци за купување.

Обработка на купувањето.

Потребата за обработка на податоците е задолжителна за страните потписнички на договорот со цел да се склучи и стапи во употреба договорот. Обработката на податоците е задолжителна поради легитимните интереси на контролорот на податоци, под услов да не им наштети на основните права и слободи на засегнатото лице.

Кориснички податоци, податоци за употреба, податоци за наградни игри и анкети

За организирање, истражување, спроведување анкети извлекување на наградни игри. За добивање барања за учество во организации како што се обука и семинари.

Потребата за обработка на податоците е задолжителна за страните потписнички на договорот со цел да се склучи и стапи во употреба договорот. Обработката на податоците е задолжителна поради легитимните интереси на контролорот на податоци, под услов да не им наштети на основните права и слободи на засегнатото лице. Обработката на податоците е задолжителна за утврдување, употреба или заштита на правата.

Пренесување на личните податоци

Ние ги пренесуваме личните податоци што сме ги обработиле со релевантните компании снабдувачи со цел да извршиме деловни процеси и да ги исполниме нашите законски обврски кон овластени јавни институции и организации.

Чување и уништување на личните податоци

Нашата установа личните податоци ги чува во согласност со целта на обработка на лични податоци, пропорционално на целите на обработката. За безбедноста на зачуваните лични податоци, се преземаат сите видови на технички и административни мерки утврдени со Законот за заштита на личните податоци.

Личните податоци се чуваат во согласност со нашите законски и правни обврски до крајот на периодот што го бара релевантното законодавство во случај да се елиминираат целта и/или причината за обработка. Кога ќе исчезнат целта и причината за обработка на личните податоци, личните податоци ќе бидат уништени кога ќе истечат роковите потребни за исполнување на нашите законски обврски согласно законите.

Прашања кои нудат привилегија за деца

ТRТ е многу чувствителна кога станува збор особено за заштитата на личните податоци на децата. Имајќи ги во предвид реалните тешкотии во следењето на децата на интернет, прометот апсолутно треба да се одвива под надзор на нивните родители/старатели, а во случаи кога е потребна изрична согласност за обработка на податоци, родителот/старателот треба да даде изречна согласност.

Правата на релевантното/поврзано лице

Во согласност со член 11 од Законот за заштита на личните податоци, секој ги има следниве права;

1. Да дознае дали се обработуваат (нивните) личните податоци,

2. Да побара информации доколку се обработени нивните лични податоци,

3. Да дознае за целта на обработката на личните податоци и дали тие се користат соодветно за нивната намена,

4. Да ги знае третите лице на кои им се пренесени личните податоци во земјата или во странство,

5. Да поднесе барање за корекција на личните податоци во случај на нецелосна или неточна обработка и во тој контекст да побара известување за извршената трансакција на трети страни на кои им се пренесени личните податоци,

6. И покрај фактот дека личните податоци се обработени во согласност со одредбите на Законот за заштита и другите релевантни закони и прописи, во случај да исчезнат причините за нивната обработка, да побара бришење или уништување на личните податоци и во тие рамки да побараат да бидат известени и третите лица на кои им биле пренесени личните податоци,

7. Да се спротивстави и поднесе приговор на појава на резултати против лицето со анализа на обработените податоци исклучиво преку автоматски системи,

8. Да побара обесштетување во случај на оштетување како резултат на незаконска обработка на лични податоци.

Врз основа на Известувањето за постапките и принципите на апликација до контролорот на податоците, вашите барања може да ни ги поднесете согласно член 11 од Законот за заштита на личните податоци „кој ги регулира правата за податоците на релевантното лице“. Барањата ќе бидат оценети и решени бесплатно што е можно поскоро, а најдоцна во рок од триесет (30) дена. Ако процесот на проценка и донесување одлуки бара дополнителни трошоци, како основа ќе се земе таксата во тарифата утврдена од Одборот за заштита на лични податоци.

Идентитет на обработувачот на податоци.

Назив : Турска радио телевизиска корпорација

Интернет адреса : www.trt.net.tr

Телефонски број : 444 0 878

E-mail адреса : kvkk@trt.net.tr

Адреса : TRT Sitesi Turan Güneş Bulvarı 06540 Or-An Ankara