ЗА НАС
Балканот, не само по географската близина, туку многу повеќе по својата социјална, историска и културна поврзаност е едно од подрачјата од посебен интерес за Туркије (Туркије). Од 2002 година наваму очигледно е значајно поместување на фокусот на надворешната политика на Туркије кон Балканот. Соработката на политички, економски и социо-културен план на земјите од регионот со Туркије секојдневно се зголемува и токму напредокот, моќното присуство и активната надворешна политика на Туркије на Балканот резултираа со формирањето на „ТРТ Балкан“ во рамки на Турската Радио Телевизија (ТРТ).
ТРТ Балкан се темели на принципите на сеопфатност но и приближување и комуникација од блиску меѓу Туркије и Балканот. Уредувачката политика на ТРТ Балкан се темели на проверени факти и автентични човечки приказни. Нашата редакција не се двоуми да ги постави на дневен ред проблемите на секој народ на Балканот, да ја прикаже секоја перспектива и да има улога на коректор на лажните вести кои во голема мера придонесуваат за создавање на проблеми меѓу земјите во регионот.
Имајќи ја предвид различноста на јазиците на посебните народи на Балканот, во ТРТ Балкан изградивме широка визија на креирање информативна, едукативна и забавна содржина која се обраќа како на локалната така и со глобалната публика. Мисијата на ТРТ Балкан е да расте како најзначајна дигитална платформа на Балканот која покрај на турски и англиски, ќе продуцира визуелна и текстуална содржина и на македонски, албански, босански-хрватски-српски (БХС) јазик. Избирајќи ваков повеќејазичен пристап на информирање од еден центар, ТРТ Балкан се издвојува од сите останати медиуми во регионот и токму преку оваа диференцијална карактеристика ја манифестираме нашата заложба, од една страна да им дадеме поширок контекст и значење на локалните проблеми и теми, а од друга страна пак, глобалните проблеми на правилен и разбирлив начин да ги пренесеме до локалната публика.
ТРТ Балкан непристрасно и објективно ги третира сите социјални, политички и културни теми и прашања интерпретирајќи ги во содржини кои се во склад со новите формати и визуелни стандарди на медиумското известување, трендовите на современиот дигитален медиумски простор и највисоките критериуми на новинарска етика.
Постојана заложба на ТРТ Балкан е во медиумите да обезбеди место за човечките приказни кои го отсликуваат реалниот живот на луѓето во регионот обраќајќи се на публика која сака да биде веродостојно и со почит информирана за случувањата во регионот и пошироко. Со професионалци кои работат на четирите страни од Балканот, ТРТ Балкан е медиумска платформа која е многу повеќе од водечки извор на информации.