Кои се причините за катастрофалните поплави на Балканот?
Јабланица 2024, Стајковци 2016, Шипковица 2015, Обреновац 2014. Ова се дел од најголемите поплави кои изминатите десет години го зафатија регионот на Западен Балкан. Големиот број човечки жртви опоменуваат дека нешто треба да се смени и дека некоја алка во државните системи не функционира.
Хидролозите со кои разговараше ТРТ Балкан предупредуваат на несоодветни системи за заштита и предупредување, неисчистени речни корита, несовесност. Велат дека поплавите од поројните дождови можат да настанат од пет минути до шест часа.