Бајса Арифовска, жената која свири на 15 инструменти
Бајса Арифовска е македонска инструменталистка и композиторка. Свири на 15 инструменти. Таа го негува фолклорот и македонската традиционална музика. Веќе 11 години е дел од националниот ансамбл Танец. Дипломирала на музичката академија, била задолжена за едукација на млад кадар во средното узичко - балетско училиште, а уште како дете била дел од културно уметнички друштва. Има особен придонес и за развојот на ромската музика.