ДокуФест 2024: Фокус на светските војни
Нов поредок е темата на 23-тото издание на Докуфест, еден од најистакнатите филмски и документарни фестивали во регионот, кој и оваа година ги пречекува домашните и меѓународните филмаџии и љубителите на уметноста во стариот Призрен.
„Нов поредок“ се осврнува на војните во Палестина и Украина, со дискусии, информации и филмови кои даваат подлабок увид во 2-те најголеми светски настани во моментот.