Хуманитарна акција: Се шишам и донирам

Хуманитарна акција: Се шишам и донирам

Ермин Чулевиќ од Скопје е бербер кој професионално со овој занает се бави над 17 години. Веќе третпат во неговата кариера тој организира хуманитарни акции во рамките на кои со средствата собрани од шишање се лекуваат болни луѓе. Последната акција, во време кога ја проширува својата работа во нови простории, тој ја посветува на дете болно од леукемија сакајќи преку личен пример да покаже дека секој на свој начин може да му помогне на оној кој е во потреба.