Најстариот костенџија во Скопје
Скопскиот плоштад во зимскиот период не може да се замисли без вкусот и мирисот на костените, кои се симбол на овој период од годината. Бројните минувачи во централното градско јадро ги мами мирисот на костените, а вредните продавачи на костени велат дека оваа зимска закуска му дава посебен шарм на градот.