Во македонските затвори лесно се влегува, а од нив уште полесно се бега
Во македонските затвори често се влегува, но од нив и многу се бега, покажуваат податоците од извештаите на Советот на Европа.Земјава во 2019 беше неславен лидер во казнената статистика. Односно во просек од 10 000 затвореници бегаат 691.
За три години ситуацијата дури и се влошила. Во 2022 сме во групата земји со стапка на бегства од над 25 проценти на 10 000 затвореници. Од земјите од регионот тука се и Грција, Хрватска, Словенија. Но и развиени европски држави како Шведска, Данска, Норвешка.