Историјата чука од Саат кулата во Битола

Историјата чука од Саат кулата во Битола

Саат кулата со векови е еден од најкарактеристичните симболи на Битола. Не постојат точни информации за тоа кога е изградена иако се споменува во историските записи за градот од шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век. Според легендата, градителите од османлискиот период во нејзините темели вградиле 60.000 јајца за градбата да биде поцврста. Саат кулата е висока околу 32 метри. Крстот на врвот од кулата е поставен во 1992 година.