Најмалиот етно музеј во светот во Џепчиште
Симеон Златев Моне е страстен колекционер од тетовско Џепчиште. Тој изложува предмети со етнолошка вредност што ги собирал со години во дел од својата куќа. Музејот на Моне со изложбен салон од 15 квадратни метри е кандидат за „најмал етно музеј во светот“.