Колку граѓани од регионот можат да си приуштат одмор

Колку граѓани од регионот можат да си приуштат одмор

Го испланиравте ли вашиот годишен одмор или допрва ќе кроите планови? Ќе отпатувате ли некаде или ќе останете во државата? Колку пари ќе потрошите? Кој фактор најмногу влијае за тоа која дестинација ќе ја одберете? Туристичките работници ќе тријат раце кога сезоната ќе биде во полн ек. За разлика од нив граѓаните бараат начин за идеалната комбинација, убаво а ефтино. Бараме одговор на прашањето колкав дел од луѓето можат да си дозволат одмор од седум дена надвор од нивното место на живеење?