ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на двојните избори

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на двојните избори

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се победници на парламентарните и претседателските избори.Во идниот состав на македонското Собрание оваа коалиција според сегашните резултати од Државната изборна комисија ќе има 59 пратеници.Гордана Силјановска-Давкова ќе биде првата жена претседател на државата. Поддршката која таа ја доби од граѓаните е за околу 300 000 гласови поголема од противкандидатот Стево Пендаровски.