Лажни монети ја заразуваат економијата на Косово

Лажни монети ја заразуваат економијата на Косово

Феноменот на масовни лажни монети присутен е во Косово повеќе од една година и се претвори во секојдневие. Косово не е дел од еврозоната, но го користи еврото како валута за продажба и купување. Централната банка на Косово (ЦБК) во мај годинава објави дека во текот на 2023 година од оптек биле повлечени над два милиони евра лажни монети од по 2 евра. Но, трендот на користење на овие пари сè уште продолжува.