„Музиката секогаш ми дава крилја“
„Секогаш имам чувство дека ќе полетам пред да излезам на сцена.“ Ова го изјави македонската поп дива Калиопи во ексклузивно интервју за ТРТ Балкан. Во интервјуто таа говори за нејзината богата музичка кариера, за новиот албум, како и за љубовта кон музиката. Калиопи во интервјуто ги најави и концертите во Битола на 20 јули, во Охрид на 2 август и во Скопје на 19 октомври.