Ориент Експрес: Синоним за авантура и мистерија

Ориент Експрес: Синоним за авантура и мистерија

Легендарниот Ориент Експрес и денес е синоним за луксуз, но и за незаборавна авантура. Ориент Експрес ги спојувал Западот и Истокот. На патувањето од Париз до Истанбул патниците имале можност да го видат и Балканот. Дел од рутата на овој легендарен воз биле Белград, Ниш и Скопје. Во Ориент Експрес се спиело како во хотел со пет ѕвезди, а храната била како од најексклузивните светски ресторани.