Гутенберг од Охрид сака да го патентира македонскиот папирус
Приказната за охриѓанецот Љупчо Паневски е како времеплов. Во неговата работилница како да се враќате во времето пред векови кога рачно се изработувала хартија. Паневски од специјална смеса без лепила, спојници и пигменти, го прави македонскиот папирус, а потоа печати врз него на автентична Гутенбергова преса.