Филмови под ѕвездено небо со приказни што вредат

Филмови под ѕвездено небо со приказни што вредат

Седмото издание на Бич Филм фестивалот покажа дека еден фестивал може да биде одлично конципиран, со поттик да ја врати публиката пред филмското платно на различни локации на Охридското Езеро. Фестивалот има за цел да мотивира нови таленти да истражуваат наративи кои резонираат со автентичност и емоционална длабочина.