Креативност преточена во парчиња накит од филигран
Во срцето на Старата охридска чаршија, покрај бисерот на Охрид, Охридското Езеро, откриваме и една поинаква форма на креативност- филигранот, што ја оживува и занаетчиската работа. Марта Пејоска има речиси 20 годишна филигранска кариера. Со нејзината работа, таа го популаризира и афирмира филигранот.