Балкански рис: Единствената голема дива мачка во Европа

Балкански рис: Единствената голема дива мачка во Европа

На македонската петденарка гордо стои балканскиот рис. Единствената голема дива мачка во Европа. Иако секојдневно овие парички ни се шетаат низ џебовите, балканските рисови во природата се загрозен вид. Според еколошките друштва, на Балканот има околу 40 единки на рисот, а две третини се распространети низ македонските планини.