База на НАТО во Албанија: Прва на Западен Балкан
Отворањето на првата воздушна база на НАТО на Западен Балкан беше официјализирано со прелети на американски борбени авиони Ф – 16 и Ф – 35 и на италијанските ловци бомбардери Еурофајтер. Базата е лоцирана во Кучово, кое се наоѓа на 80 километри јужно од Тирана. Во времето на комунизмот бил познат како град на Сталин. Базата се простира на 350 хектари. Таа датира од педесеттите години на минатиот век и била направена за потребите на Варшавскиот пакт чија членка била Албанија.