Каква ќе биде судбината на НАТО по победата на Трамп?

Каква ќе биде судбината на НАТО по победата на Трамп?

По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, НАТО е пред нови предизвици. Знаејќи дека Трамп инсистира на тоа сите земји членки да го исполнат договорот, односно да издвојуваат по два проценти од нивниот БДП за потребте на одбраната. Во моментов тоа е случај со 23 од 32 земји членки. Во неговиот прв мандат старо-новиот американски претседател беше поостар во изјавите дека тој и САД нема да можат да им ја гарантираат безбедноста на членките ако тие не се придржуваат на договореното. Кога бројот на земји членки кои издвојуваат по два проценти порасна и реториката на Трамп се смени во насока дека САД остануваат посветени на Алијансата.