Нема заштита од облаците со град на македонското небо

Нема заштита од облаците со град на македонското небо

Има ли заштита од облаците со град на македонското небо? Ако пред неколку години со авионско засејување на градоносни облаци се вршеше заштита од облаците со град, оваа година ваквиот начин на справување со град нема да може да се види на македонското небо. Тоа е од причина што ниту еден оператор не се јавил на јавниот повик. Ако во минатото против интензивните врнежи од град се справувавме со градобијни ракети кои од одбрани локации се испукуваа кон небото, од 2020 година тоа се прави со авионско засејување. Авионите испукуваат таканаречени палки полни со реагенс сребро-јодид. Секоја палка содржи по 400 грама сребро – јодид. Средството е во прашкаста форма која се уфрла во облаците.