Шабан Трстена: Македонски олимписки рекордер

Шабан Трстена: Македонски олимписки рекордер

Македонскиот борач Шабан Трстена веќе 40 години е рекордер како најмлад олимписки шампион во борење. Златниот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година и среброто во 1988 на олимпијадата во Сеул што тогаш ги освои како југословенски репрезентативец остана во вечно сеќавање на тогашните генерации. Во разговор за ТРТ Балкан, во пресрет на Олимписките игри во Париз, говори за неговата кариера, се присетува на извонредните успеси, предизвици и љубовта кон борачките вештини.