Јуруци: Последните номади на овие простории

Јуруци: Последните номади на овие простории

Живеат традиционално и покрај сите предизвици на модерното време. Со својата богата традиција и култура со векови го збогатуваат шареноликиот културен мозаик. Ова е приказната за Јуруците, последните номади на овие простори. Јуруците се засебна турска етничка група, се доселиле во балканскиот регион во време на Османлиите, при што се создал цел појас од населби во југоисточниот дел на земјава. ТРТ Балкан ги посети селата Аликоч и Коџалија во близина на Радовиш, каде со локалното население разговараше за нивната богата традиција и култура, начин на живот и предизвиците со кои се соочуваат локалните жители.